Црква „Св. Троица“ - Никодин
Света Троица — црква што се наоѓа во Никодинскиот манастир. Таа е старата манастирска црква околу која подоцна бил изграден новиот манастир.[1] ИсторијаЦрквата постоела уште пред уривањето на манастирот од отоманските власти. Со возобновувањето на манастирот, познато е дека црквата била проширена.[2] АрхитектураГрадбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Таа е поделена на два дела, од кои првиот е незначително потесен и во него се наоѓа влезниот простор, додека во вториот е главниот молитвен простор. Влезот е сместен на западната страна и над него има икона на која е претставена Богородица со Исус. Во црквата има три престоли, од кои средишниот е псоветен на Светото Тројство, а останатите два на Рождеството на Пресвета Богородица и Теодор Тирон.[2] Галерија
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia