Црква „Св. Фануриј и Св. Јован Претеча“ - Солун
Свети Фануриј и Свети Јован Претеча (грчки: Αγίου Φανουρίου και Τιμίου Προδρόμου) — црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија. Црквата се наоѓа во населбата Горна Тумба, на улица „Јанина“ бр. 130.[1][2] Храмот е изграден од грчките доселеници, дојдени во 1922 г. од Источна Тракија, Мала Азија, Кападокија и Понд. На 25 јуни/8 јули 1923 г. митрополитот Генадиј Солунски го поставил камен-темелникот на храмот. Проектант бил архитектот Рувенс. Црквата е отворена пет години подоцна, на 7 октомври 1928 г. од Генадиј Солунски. Наречена е по два светци — Свети Фануриј по желба на жителите, а Јован Претеча по желба на митрополитот.[1] Градбата претставува трикорабна базилика со женска црква. Во посебна зграда спроти храмот се канцелариите на свештениците и духовниот центар. Во храмот се чува икона на Богородица Владетелка на реката, донесена од дојденците од Родосто, како и мошти од Свети Арсениј и Свети Никола Планас.[1] Црквата има четири параклиси — „Сите Солунски Светители“ во дворот, „Свети Арсениј Кападокиски“, прилепен до храмот, „Свети Четириесет Маченици“ во женската црква и „Свети Никола Планас“, исто така во женската црква.[1] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia