Црква „Св. Христофор“ - Крстоар
Свети Христофор — главна манастирска црква на Крстоарскиот манастир во битолското село Крстоар.[1] МестоположбаЦрквата е сместена на околу 5,5 километри од градот Битола. До него води асфалтен пат, најпрвин до селото Крстоар. Од селото, асфалтниот пат продолжува во должина од еден километар, на моменти стрмен и тесен.[2] Дополнително, до манастирот може да се пристигне и преку соседното село Буково, од каде преку црквата „Воведение на Пресвета Богородица“, води пешачка патека.[2] ИсторијаЦрквата била подигната во четвртата декада од XIX век. Претрпела сериозна обнова во 1926 година.[2] АрхитектураПретставува прилично голема еднокорабна градба, со петстрана апсида на исток и влезови кон наосот од западната и северната страна, а директно во олтарниот простор може да се влезе преку посебната врата на југоисточната страна.[2] Историјата на храмот е испишана на мермерната плоча на фасадата над северниот влез.[2] ФрескоживописЖивопис се забележува и на надворешноста, односно има насликана претстава на Свети Христофор над западниот влез. Насликан е во медаљон, претставен во цел раст со повеќето негови атрибути. На рамото го носи малиот Христос, додека во едната рака држи копје, а со левата го придржува маченичкиот крст. Покрај тоа, запишана е 1926 година како година на сликање на претставата.[2] Во храмот нема сочувано ѕидно сликарство од изградбата на црквата. Оној живопис што може да се сретне во апсидата на црквата и на темето од сводот, насликано е за време на нејзината обнова во 1926 година.[2] ИконостасИконостасот во црквата бил направен во третата декада од XX век. Бил направен со три реда на икони, царски двери и високи врати на јужниот и на северниот дел.[2] Во црквата се зачувани само неколку празнични икони од XIX век.[2] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia