Црква „Св. 40 Маченици“ - Сер
Свети 40 Маченици (грчки: Ιερός Ναός Αγίων Σαράντα Μαρτύρων) — црква во градот Сер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија. Има улога на парохиски храм.[1] ИсторијаЦрквата се наоѓа на улица „Марко Бочвар“ бр. 70 – 77. Почнала да се гради во 1952 г. на местото на црква изградена во 1946 г. Отворена е на 17 септември 1967 г. од митрополитот Константин Серско-нигритски. Претставува крстокуполна базилика со купола, три рамена и средишна апсида на исток. Во 1970 г. е изградена камбанаријата и други додатоци. Во црковниот двор е параклисот „Св. Евфимија, Св. Ирина Атињанка и Св. Ирина Кападокиска“. Во храмот се чуваат дел од моштите на Светите 40 севастиски маченици, подарени од митрополитот Теолог Серско-нигритски.[1] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia