Црква „Сретение Господово“ - Негуш
Сретение Господово (грчки: Ιερός Ναός Υπαπαντή του Χριστού) — црква во градот Негуш, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.[1] Црквата е сместена на левиот брег на Арапица во горниот дел на градот. Изградена е во 1894 г. со ктиторството на Димитриос Д. Лонгос.[2] ![]() Според месното предание, пред османлиското освојување, на ова место имало мал манастир „Сретение Господово“ со мала црква и конаци. Олтарот во храмот е од антички столб со жлебови, што зборува за постоењето на постара црква и антички храм. Од истиот храм веројатно се и двете мермерни осонови од римско време, како и неколкуте мермерни барабани од столбови. На еден од нив, поставен во нартексот на црквата, има стар мелнички камен.[1] Градбата претставува еднокорабен храм со сводест таван и мала женска црква. Направен е од месен камен, а јужниот ѕид има потпорни столбови. Северният влез е на седум скалила од теренот, а западният на пет.[1] Внатре живопис има само во олтарниот простор — во конхата на апсидата е Пресвета Богородица Поширока од небесата, а во конхата на жртвеникот е Молитвата на Христос. Иконостасот е обичен и освен царските двери има уште еден влез лево. Трите икони на иконостасот и една на северниот ѕид се дело на мајсторот Митакос Хаѕистаматис од погрченото солунско село Кулакија. Иконите се сликани во Солун — оние на Христос и на Богородица се од 1890 г., а оние на Свети Јован Претеча и на Благовештението се изработени во 1891 г. Иконата на Сретението Господово е дело на негушкиот зограф Христодулос Матеу од 1885 г. Една помала икона е потпишана Димитар Е. од Самарина 20 март... (Δημητρίου Ε. εκ Σαμαρίνης στις 20 Μαρτίου...). Друга помала икона е опкована со сребро го носи со датумот на посребрување 1 април 1894 г. Многу од иконите се подарени од негушани.[3] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia