Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Вевчани
Успение на Пресвета Богородица (наречена уште и Долна црква) — поранешна црква во селото Вевчани.[1] Во црквата се влегувало низ две поголеми порти, од исток и од запад, а имало и други помали влезови и скалила од северната страна, коишто се користеле во други прилики. Денес, постојат видливи траги од црквата во средиштето на Вевчани.[2] МестоположбаЦрквата е сместена во близина на самото средиште на Вевчани, во непосредна близина на старото училиште,[2] а денес Мултикултурниот центар „Коста Србакоски“. ИсторијаЦрквата постоела одамна, но Турците ја срушиле. На истото место вевчанци започнале со градба на нова црква во периодот 1921-1928.[2] АрхитектураЦрквата била изградена повеќе од 1,5 метри во височина (до прозорците), но поради недостиг на средства, градбата била прекината. Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia