Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Дивље
Успение на Пресвета Богородица или Успение Богородичино[1] — главна црква во скопското село Дивље, Општина Петровец. Му припаѓа на Северноскопското архијерејско намесништво во Скопската епархија на МПЦ - ОА. Црквата е сместена во источниот дел на селото. Црквата е прогласена за Споменик на културата. ИсторијаИзградена е и живописана во 1603–1604 година според натпис на северниот олтарен ѕид. Обновена е во втората половина на XIX век и одново живописана. Старите фрески се делумно разоткриени во 1958 година. Во олтарниот простор, зад преградата на иконостасот е претставено Видението на Петар Александриски, до чиј натпис е откриена и годината на сликање. Ктиторските портрети се на јужниот ѕид. Нивната облека се разликува од онаа на познатите портрети до XIV век. Облечени се едноставно, без украси. Единствен показател за нивниот статус се капата на мажот и шарената капа на сопругата заедно со големите обетки. Макетата на црквата што ја држат во раце е еднокорабна градба, точно иста како изградената. Зографот ги доловил јасно изразените лични црти, за разлика од фигурите на светците, кои следат предопределена предлошка на претстава.[1] На 2 октомври 1958 година, со Решението бр. 22 од Централниот завод, црквата добила статус на културно наследство. Статусот на заштитена градба бил обновен на 26 февруари 1968 година, со Решението бр. 27/51 од ГЗЗСК.[2] Архитектура![]() Храмот е мала еднокорабна градба со правоаголна основа и цилиндричен свод со калкански покрив, изградена од делкан камен без тули и со мала врата. Внатрешноста е лошо осветена. Конаците се мали, веројатно изградени во XIX век.[1][3] Во дворот на црквата се наоѓаат камбанаријата, трпезариската градба и неколку гробови. Галерија
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia