Општина Петровец
![]() ![]() Општина Петровец — општина во Скопскиот Регион, во северниот дел на Македонија. Административен центар на неговата општина е истоименото село. Географија и местоположбаОпштината се наоѓа во југоисточниот дел на Скопската Котлина и непосредно припаѓа на долното сливно подрачје помеѓу реката Вардар и реката Пчиња. Во западниот дел, десно се наоѓа рамништето на Скопското Поле, додека на левата страна од реката, покрај нејзината алувијална рамнина спрема отовичкото подрачје, се издига ридско земјиште како просторен дел, познат под името Катлановски Рид. Низ општината поминуваат магистралниот државен автопат А1, како и регионалниот пат Р1102 кој води од Скопје до Катланово. Тука е сместен и меѓународниот Скопски аеродром. ИсторијаСтопанствоДемографијаСпоред проценка од 2016, општина Петровец има 9.089 жители.[2] Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, општината има 8.255 жители, од кои 2.659 се во селото Петровец. Од етнички состав, населението го сочинувале:
Општествени установиСамоуправа и политикаГрадоначалник на општина Петровец е Борче Митевски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој бил реизбран на локалните избори од 2017 година за трет последователен мандат од четири години.[3] Советот на општина Петровец е составен од 11 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се: ![]() ВМРО-ДПМНЕ: 5 места СДСМ: 3 места ДУИ: 1 место АА: 1 место Независни: 1 место Културни и природни знаменитостиРедовни настаниЛичностиКултура и спортИселеништвоНаводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia