Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Кравари
Успение на Пресвета Богородица — главна селска црква во битолското село Кравари, Македонија.[1] МестоположбаЦрквата се наоѓа во близина на археолошкото наоѓалиште Жеждево,[2] во непосредна близина на државниот пат А3, кој поминува низ селото Кравари. Околу црквата се наоѓаат селските гробишта, со што таа е гробишен храм.[3] ИсторијаИзградена е во 1894 година. Обновена е во 1917 и осветена во 1932 година. Била реконструирана во периодот 1991-2005.[3] Изградбата на храмот, како задужбина, ја финансирале Стево и Стојна од село Градешница кои живееле во САД. Храмот бил уништен за време на Првата светска војна.[2] Според кажувањето на старите краварци, пред изградбата на постојниот храм, на истото место имаало мало црквиче со икона на Света Богородица. Во него краварци палеле свеќи и ги изразувале своите верски чувства.
АрхитектураПретставува голема базилика со отворен ѕидат трем на запад и југ кој има повеќе последователни покриви. На северозапад има помошна градба со куловидна камбанарија на шест ката. Забележително е тоа што црквата е подигната на тумба во месноста Старо Село, каде има остатоци од населба од неолитот, бакарното и бронзеното време.[4] Околу црквата се забележуваат стари гробови.[2] ФрескоживописЦрквата поседува фрескоживопис, кој го добила со осветувањето во периодот 1931-1932 година. ИконостасВо периодот 1931-1932, храмот добил и иконостас. Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia