Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Леуново
Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Леуново — православна црква во мавровското село Леуново, западна Македонија. Црквата е сместена на влезот на селото, покрај патот кој го обиколува Мавровското Езеро. До црковната зграда во висина од 20 метри е камбанаријата, а самата црква е оградена со ѕид. ИсторијаСпоред одредени мислења црквата потекнува од пред XIV век[1], но точниот датум не се знае. Во црквата постои Леуновско евангелие кое според водените знаци потекнува од 1537 година. Сепак, за денешната црква се знае дека е изградена во 1840 година. На црквата работеле претставници на дебарскиот резбарски род Филиповци. Жителите инвестирале многу во иконостасот и олтарот. Фреските и длаборезот се изработени од Леуновчани. Во Леуново уште од XIV век се јавиле првите зографи. Во поново време леуновчани се грижат и вложуваат труд и средства за одржување на храмот[2]. Најголемата прослава на црквата се одржува секоја година на денот на Успението на Богородица, која се слави и како селска слава на Леуново.[3] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia