Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Маргари
Успение на Пресвета Богородица – главна и единствена селска црква во селото Маргари.[1] Сместена е во близина на сретселото, на левата страна од патот кој води од соседното село Долгаец. ИсторијаЦрквата била изградена во 1810 година, а како нејзини ктитори се јавуваат папа Ристе и папа Мирче од Долгаец.[2] АрхитектураГрадбата на црквата е еднокорабна со правоаголна основа и полукружна апсида украсена со пет слепи ниши на западната страна. Влезот на црквата се наоѓа на јужната страна, на која има три прозорци и една квадратна слепа ниша со впишан крст. Внатрешноста на црквата е живописана, а фрескописот бил изработен од зографот Јаков од Папрадиште.[2] Во дворот на црквата се сместени камбанаријата и селските гробишта. Камбанаријата се издига во продолжение на западната страна на црквата. Таа има квадратна основа и се состои од два дела. Горниот дел претставува примитивна дрвена конструкција во којашто е сместено ѕвоното. Галерија
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia