Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Трново
Успение на Пресвета Богородица (или Св. Богородица) — црква во битолското село Трново, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Битолското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА. Црквата е гробишен храм, сместен во источниот дел на селото. Според еден извор, изградена е во 1837[1], а според друг во 1854 година. За време на Првата светска војна на подрачјето се воделе жестоки битки и црквата била уништена. Вредниот иконостас е демонтиран од бугарски војници со намера да го однесат во Бугарија. Сепак, нивната намера не успеала и тој е подоцна откриен и пренесен во храмот „Св. Богородица“ во Битола. Во 1926/1928 г. мештаните започнале со обнова на црквата со средства од воена оштета и доброволни прилози од Битолско. Обновата е завршена во 1934 г.[2]. Новиот иконостас е изработен од мијачкиот мајстор Нестор Алексиев Мирчевски од Гари со своите синови, а во 1962 година доградена и камбанаријата како подарок од Џон Спиро, битолски иселеник во САД. Во црковниот двор се одржуваат средби на иселеници од Егејска Македонија и на оние во прекуоканските земји и Европа.[3][4] Слики
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia