Црне Војвода
„Црне Војвода“ — драма на македонскиот собирач на народни умотворби Марко Цепенков. Првпат била објавена на страниците на софискиот весник „Автономна Македонија“ на И. Спирков во повеќе продолженија во 1903 година (во броевите од 13 до 25). Драмата била напишана на единствениот јазик, на кој Цепенков можел изворно да ги претстави своите дела пред јавноста: на мајчиниот прилепски говор, со поднасловот „Историска пиеса во пет акта од македонскиот живот на македонски говор“.[1] Драмата „Црне Војвода“ придонела за непрекинатиот континуитет во развојот на македонската драма на почетокот на 20 век.[2] ИсторијаДрамата била напишана пред почетокот и во текот на Илинденското востание во југозападните делови на Македонија. Објавена била кон крајот на септември кога востанието било задушено и акциите на востаниците спласнале. СодржинаКако што кажува самиот наслово драмата се однесува на прославениот прилепски војводаСпиро Црне, како и неговата чета која го ликвидирала познатиот злосторник Ќучук Сулејман, кој долго време ги измачувал селаните од прилепскиот крај. Дејството на драмата се одигрува во Прилеп, селата Вепрчани и Царевиќ и во месноста Рамна Бука, во гората. Почетокот на дејството е во 1879 година.[1] ЛиковиВо драмата се појавуваат 24 лика и група селани.[1]
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia