Спиро Црне
Спиро Црне бил ајдутин од Македонија. ЖивотописСпиро Црне е роден во прилепското село Дабница. Бил син на Илија Големџијата, шверцер на тутун. Дејствувал како ајдутин во Прилепско. Ликвидацијата на Ќучук СулејманВо втората половина на 19 век, во Македонија се јавуваат одметници од власта, кои вршеле насилство од секаков вид, пред чии зулуми турската власт често замижувала. Еден од нив бил и Ќучук Сулејман, кој се движел во Прилепскиот крај, водејќи со него цела чета помагачи во неговите злодела. Тој собирал данок од сите прилепски села, вршел потурчување, силувал, тепал и сл. Неговите насилства биле толку зачестени што прилепчани од градот и од селата не можеле повеќе да ги трпат. Трпението кај народот сосема се изгубило кога овој разбојник го фатил попот Цеко од Прилеп кога се враќал од Прекуридските села, каде вршел служба, и го посрамотил и измалтретирал. Попот, по таквото малтретирање, не можел да живее и почиинал од срам и тага.
Пребегнување во СрбијаБрсјачка бунаНа 14 октомври 1880, во Порече избувнала буна, позната во историографијата како Брсјачка буна.[5] Ова востание ќе трае малку повеќе од една година.[5] По османлискиот притисок, руската влада интервенирала во Србија и српската влада одлучила да престане да им помага на бунтовниците.[5] Поради тоа, Спиро бил принуден да ја напушти српската територија, и заедно со неговата чета навлегол во Македонија на 19 април.[6] После неколку дена, на 22 април, четата била фатена во заседа,[6] на планината Козјак, каде што била уништена.[7] Само двајца од четата се вратиле живи во Врање следниот ден, Давче и Мисајло.[7] Главата на Спиро била изложена на Тумбата во Куманово.[7] Во оваа борба Спиро го убил Ариф-чауш; син на Алија, од кого пострадала целата кумановска област.[7] Спиро Црне како мотив во уметноста и во популарната култураУбиството на Ќучук Сулејман од страна на Спиро Црне е опеано во народната песна „Спиро Црне и Ќучук Сулејман“.[8] Во 1903 година, Марко Цепенков ја објавил драмата „Црне Војвода“. Српскиот историчар Јован Хаџи-Васиљевиќ (1866–1948), кој лично го познавал Спиро Црне, ја објавил неговата биографија Спиро Црне Големџиојски во 1933 година. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia