Црноглава стрнарка
Црноглавата стрнарка или црноглавата овесарка (науч. Emberiza melanocephala) е врапчевидна птица овесарка од семејството на стрнарките Emberizidae, која се размножува низ југоисточна Европа на исток до Иран и се сели зимно време во Индија, со некои единки кои одат уште понајуг во југоисточна Азија. Ја има и во Македонија. Како и другите од неговото семејство, живее во отворени пространства со трева, каде во јата оди во потрага по житни растенија и семиња. Мажјаците се препознатливи со своите жолти делови од телото, костенлив грб и црна глава. Женките се побледа варијанта на мажјаците. ОписЦрноглавата стрнарка е долга 15 см и има долга опашка. Мажјакот има светложолти долни делови, костенливи горни делови и црна маска преку очите и капа. Женките се бледа верзија на мажјаците, со посветли долни делови, сивокафеав грб и сивкава глава. Младенчињата се слични, но задникот им е жолт. Едногодишните мажјаци имаат сива круна, а шарките на грбот се костенливи и сиви.[2] Распространетост и живеалиштеЖивеалиштето на црноглавата стрнарка се отворените пространства со грмушки, вклучувајќи ги и обработливите ниви. Зимно време се селат во Азија и големи јата се среќаваат на земјоделските култури и ливади. Најдолга преселба забележана од означена птица со прстен е околу 7.000 км; друга, пак, имала пат од 1.000 км за седум дена. Главната територија за размножување се распостила од југоисточна Европа до Средна Азија. Зимувалиштата се претежно во Индија, иако скитници се забележани да зимуваат во Јапонија, Кина, Хонгконг, Тајланд, Лаос, Јужна Кореја и Малезија.[3] Летните скитници може да достигнат на север до Норвешка. Поведение![]() Црноглавите стрнарки може да ги видиме во јата како пасат по нивите барајќи семе. Сезоната на размножување им е лете, кога градат гнездо на земја или ниско во грмушка. Тоа е во форма на чашка направено од сува трева и дооформено со влакна.[4] Леглото содржи 4-6 јајца. Инкубацијата трае 14 дена, а пилињата се оперјуваат по 10 дена. За тоа време овие птици се хранат со инсекти, инаку, се хранат со семиња. За разлика од другите стрнарки, овие се митарат двапати годишно. Повикот и е едно твит или меко црит. Песната содржи серија од гласни строфи составени од груби ноти кои се мешаат пред нагло да завршат.[2] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia