Црноризец Храбар
Црноризец Храбар (старословенски: Чръноризьць Храбръ) — анонимен средновековен писател, кој живеел меѓу 9 и 10 век.[1][2] Псевдонимот Црноризец Храбар значи „храбар калуѓер“. ![]() Во науката се изнесени претпоставки дека Црноризец Храбар е псевдоним на некоја позната личност од првата словенска книжевност.[1] Некои слависти како Милош Вајнгарт и Блаже Конески сметаат дека под овој псевдоним се крие името на Св. Наум Охридски, еден од истакнатите ученици на Св. Кирил и Методиј и активен деец во Охридската книжевна школа, други како Ф. Снопка - Климент Охридски, проф. Г. А. Илински - Јоан Екзарх, проф. Васил Златарски - Симеон I, Е. Георгиева - Црноризец Докс. „О писменех“За Црноризец Храбар се знае дека е автор на делото „О писменех“ („За буквите“), напишано во Охридската или Преславската школа во почетокот на X век.[3] Според податокот во делото, со кој се кажува: „Уште се живи што ги виделе нив“, Храбар го напишал „За буквите“ кон крајот на 9. или почетокот на X век, не повеќе од една генерација по Моравската мисија. Тој во ова дело се јавува како заштитник на делото на светите браќа Кирил и Методиј и на нивните ученици. Тоа е дело што ја претставува историјата на словенската писменост, блескава одбрана на нејзината апологија и трајна афирмација на словенскиот јазик. Многу аргументирано го брани Кирило-Методиевото дело и се залага Словените да пишуваат и да читаат на свој јазик.[1][2] За популарноста на ова дело зборува фактот, што досега се откриени околу 80-тина негови преписи.[1] Најстариот од нив е зачуван во Лаврентиевиот зборник од 1348 година, кој се чува во Ленинградската публична библиотека под сигнатура F.1. 376. Храбровото сказание „За буквите" е воведено во науката од К. Калајдович во 1824 година. Оттогаш па до денес се напишани импозантен број трудови во врска со делото на Црноризец Храбар.[2] Во Бугарија по него е именуван Варненскиот слободен универзитет. Наводи
Поврзано
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia