Црн кожувар
Црниот кожувар или норка (Aythya nyroca) е средно голема водна птица од редот гусковидни, од семејството на патките. Таа е евроазиска птица која ја има и во Македонија. ЖивеалиштеЦрниот кожувар е птица преселница која е распространета во Европа и Азија, а презимува во северна Африка и јужните делови на Азија. Се населува крај слатководните езера, бавните реки, мочуриштата и густо обраснатите делови со водни растенија. Опис![]() Црниот кожувар тежи меѓу 400 и 700 гр, долг е 40-46 см, распонот на крилјата му е 65 см. Плива и нурка многу добро. Возрасниот мажјак има црн грб и бели очи. Белиот дел под опашката помага овој вид да се разликува од сличните видови. Женките се слични, со црн грб, и малку посветло кафена боја на телото, но со темни очи. Овие птици формираат големи јата во зима и најчесто се мешаат со други патки. ИсхранаОвие птици се хранат со нуркање, претежно навечер. Јадат подводни растенија, мекотели, водни инсекти и мали риби. Размножување![]() Гнездото го прават во непосредна близина на водата, често на мали островчиња или на купчиња од стара трска. Се снесуваат 6-14 жолто-зеленикави јајца. Женката ги лежи 25-28 дена, а кога ќе се испилат се доста развиени и можат да се движат и хранат самостојно. Одгледуваат само едно легло годишно. Црниот кожувар е заштитен со Договорот за заштита на евроазиските миграторни водни птици (AEWA). Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia