Чаша за еднократна употреба![]() ![]() ![]() ![]() Чашата за еднократна употреба — вид на прибор за јадење и пакување за храна за еднократна употреба. Под чаши за еднократна употреба се подразбираат хартиени чаши, пластични чаши и чаши од пена. За производство на чаши од пена се користи експандиран полистирен, а производство на пластични чаши, полипропилен. Чашите за еднократна употреба и другите слични производи за еднократна употреба претставуваат главен извор на отпад од потрошувачите и домаќинствата, како што се отпад од хартија и отпад од пластика. Се проценува дека просечното домаќинство фрла околу 70 чаши за еднократна употреба секоја година. ИсторијаХартиената чаша за еднократна употреба во конусна форма била измислена во 1908 година од Лоренс Лулен, а во 1912 година Лулен и Хју Мур започнале со продажба на Хелт Кап (анг: Health Kup), уште една хартиена чаша за еднократна употреба, која била дизајнирана за попкратичен начин за луѓето да пијат вода од јавни буриња за вода без ширење бактерии, што било чест случај кога луѓето користеле заедничка чаша или црпалка за вода. Лулен и Мур подоцна развиле хартиена чаша за сладолед за еднократна употреба, која вклучувала капаци со слики од спортисти, филмски ѕвезди и животни. Комерцијална употребаНекои компании, како што се продавниците за кафе и продавниците за крофни, своите производи ги продаваат во чаши за еднократна употреба. Една книга од 2011 година проценила дека еден синџир продавници за крофни користел една милијарда чаши за кафе за еднократна употреба годишно, доволно за да се заобиколи Земјата двапати. Во статија од 2012 година во OnEarth се вели дека Старбакс користел над четири милијарди чаши за кафе за еднократна употреба во 2011 година.[1] Марката инстант тестенини „Кап Нудлс“ користи чаши од експандирана полистиренска пена за да го продаде производот. Во садот со тестенини се додава топла или врела вода, која го готви производот за неколку минути. ЗагадувањеПроизводството на хартиени чаши придонесува за загадување на водата затоа што хемикалии како хлор, хлор диоксид и редуцирани сулфиди влегуваат во водата. Производството на чаши од пена придонесува за загадување на воздухот кога пентанот се ослободува во воздухот. Содржината на пластика во хартиените чаши обложени со пластика придонесува за проблемот со загадувањето со пластика, кога чашите се фрлаат како ѓубре. Рециклирање и други еколошки меркиРециклирањето на садови од полипропилен постепено се зголемува во некои развиени земји, но сè уште е доста ограничено. „Мекдоналдс“ се префрлил од чаши од пена на хартиени чаши во 2014 година, [2] и преминал на рециклирање хартиени чаши во Велика Британија, од 2016 година, во партнерство со „Симпли Капс“ и „Џејмс Кропер“.[3] АлтернативиНеколку синџири кафетерии нудат попуст ако клиентот донесе своја шолја.[4] На фестивали како што е баварскиот Октоберфест, се избегнуваат трошоците поради кражба или кршење доколку не се користат производи за еднократна употреба: Купувачот плаќа однапред за чаша или шолја и добива поврат при враќањето. ПоврзаноНаводи
Литература
|
Portal di Ensiklopedia Dunia