Черниче
Черниче — село во Горноџумајско, Пиринска Македонија, денес во општината Симитли на Благоевградската област, Бугарија. Населението брои 1.001 жител (2024). Географија и местоположбаУбавото мало село Черниче е опколено од планини. Се наоѓа во котлината на реката Струма. Веднаш до селото се наоѓа планината Пирин. Други села,што се во близина на селото се Крупник, Полето , Полена и гр.Симитли. ИсторијаВо близина на селото, во атарот на Костово Орниште, во 1978-1979 и во 1982 година биле вршени ископувања на некропола од 9-11 век, изградена со антички тули. Биле откриени 31 гроб, а се верува дека друг дел бил уништен пред ископувањето. Селото е формирано во 1955 година од населено место Черниче, одвоено од селото Крупник.[1] СтопанствоСелото Черниче има релативно добро развиена економија. Тоа е дом центар за рециклирање на старо железо - Е.Т. „Инвито - Христо Миленков“. Во селото има самопослуги, мини-маркети, кафулиња и други продавници. ДемографијаНа табелата е прикажан бројот на населението во Черниче за периодот 1956-2011:
Етнички составБрој и удел на етничките групи според пописот од 2011 година:
Во селото и околината живеат голем број Македонци, кои од страна на бугарската држава не се признаваат како посебна етничка заедница и голем дел од нив се запишуваат како Бугари.[2] Општествени установиВо селото има црква „Св Георги“, градинка и училиште „Св. Кирил и Методиј“. Редовни настаниСекоја година на христијанскиот празник Духовден се организира средба во селото. На храмовиот празник „Св. Георги“, се организира гозба и фестивал. Секоја година на 1 јануари селото го изведува ритуалот „Сурва“. Луѓе маскирани во кукери и секакви ликови го обиколуваат целото село за да ги избркаат злите духови и да посакаат мирна и плодна година. На овој ден не се пропушта ниту една куќа, бидејќи жителите и гостите на селото стануваат едно. Прославата продолжува на селскиот плоштад со музика до доцните вечерни часови. Галерија
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia