Чествување на ликот и делото на Пере Тошев![]()
![]() ![]() Веднаш по ослободувањето и создавањето на современата македонска држава, македонскиот народ му одал видно признание на својот голем син. Перевата личност и дело, редовно се одбележува на свечените академии и други собири, во печатот, радиото и телевизијата. Голем број на училишта, улици, културно-уметнички друштва го носат неговото име. Во Македонија тој се слави како еден големите чинители во создавањето на македонската национална држава. Ѓорче Петров истакнува:
По повод дваесет години од прогласувањето на независноста на Република Македонија бил официјално отворен Музејот на македонската борба, во кој меѓу останатото се наоѓа и една восочна фигура на Пере Тошев [2]. Во Бугарија, се оценува како за еден од најсимпатичните дејци на бугарското национално - ослободително движење по Берлинскиот конгрес [3]. Во периодот помеѓу 1944-1957 година од страна на бугарската држава бил почитуван како македонски национален херој [4]. На неговиот гроб во дворот на црквата „Св. Благовештение“ во Прилеп се организираат комеморативни настани по повод годишнината од неговата смрт. Во научната историографија се објавени поголем број на документи и друг пишан материјал за животот и револуционерната дејност на Јане, придружени со по некоја фотографија како историско-илустративен изворен материјал. По повод 100-годишнината од неговото загинување во Прилеп бил откриен негов споменик, висок 2,40 метри и лиен во бронза од авторот Емил Солески [5]. Советот на општината Центар најавил дека Пере Тошев ќе добие спомен-обележје. Споменикот на Пере Тошев ќе биде сместен во близина на Македонскиот народен театар. Спомен-обележјето е донација на Здружението на Егејци од Лерин [6]. Пере е опеан во одреден број на македонски народни песни, една од нив е Песна за Пере Тошев:
Извори
|
Portal di Ensiklopedia Dunia