Централизам
Централизмот е идеологија и систем за организирано дејствувањето на Македонската револуционерна организација, оваа идеологија го подразбирала и идно уредување на проектираната независна македонска држава. Негова антитеза е Врховизмот. СпецифичностиРепубликанизамЦентрализмот како идеологија бил официјализиран со Уставот од 1896 година и применет во практичното револуционерно дејствување на МРО, при организирањето на Крушевската република (1903) и во Уставот и уставното уредување на современата македонската држава.
Демократски начелаЦентрализмот на МРО бил заснован врз демократски начела. Во МРО можеле да членуваат и членувале Македонци, Власи, Евреи, Ерменци, Турци и др. жители на Македонија, кои ја прифаќале усвоената цел: одбрана на територијалната целост на Македонија, ослободување и создавање македонска држава, која ќе обезбедува демократски права и слободи, рамноправност на сите без разлика на националната и верската припадност, под девизата: Македонија на Македонците. Прашањето за централизмот особено било актуелно во македонските средини непосредно пред Втората светска војна [2] Извори
|
Portal di Ensiklopedia Dunia