Четириноголики
![]()
Четириноголиките (науч. Tetrapodomorpha) — гранка (клад) на ‘рбетници којашто се состои од резноперките кои имаат одлики на четириношците. Примитивните форми, како тикталикот, биле нарекувани „рибоношци“ од страна на нивните откривачи, бидејќи, барем според нивниот изглед, тие поседуваат одлики и на риба, но и на четириношци. Tetrapodomorpha ги содржи вистинските четириношци и неколку групи на сродни резноперкови риби, познати како Osteolepiformes. Едни од поважните особини кои ги дефинираат четириноголиките се измените на перките, односно појава на рамена коска со конвексна коскена глава која е зглобена со гленоидната фоса (празнината на раменскиот зглоб). Четириноголиките фосили се познати од раниот девон па натаму, а ги вклучуваат Osteolepis и Panderichthys. Систематика и филогенијаСпоред Бентон[1], систематиката на четириноголиките е следната:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia