Чешел![]() Чешел е е предмет што се состои од вратило на кое има ред запци за влечење низ косата за да се исчисти, отплетка или стилизира. Чешлите се користеле уште од праисторијата, бидејќи биле откриени во многу рафинирани форми од населбите кои датираат од пред 5.000 години во Персија.[1] На археолошките ископувања во Оркниските Острови и Сомерсет, пронајдени се чешли направени од китова коска, кои датираат од средното и доцното железно време. ОписЧешлите се направени од вратило и запци кои се поставени под прав агол на вратилото. Чешлите може да се направат од повеќе материјали, најчесто од пластика, метал или дрво. Во антиката понекогаш се користеле рогови и коски од китови. Чешлите направени од слонова коска[2] и оклоп од желка[3] некогаш биле вообичаени, но загриженоста за животните од кои се земаат деловите за производство на чешлите, ја намалило нивната употреба. Дрвените чешли во голема мера се направени од зеленика, црешово дрво или друг вид на дрво. Дрвените чешли со добар квалитет обично се рачно изработени и се полирани.[4] Чешлите ги има во различни форми и големини во зависност од тоа за што се користат. Фризерскиот чешел може да има тенка, заострена рачка за разделување на косата. Обичните чешли за коса обично имаат пошироки запци до половина и погусти до крајот на чешелот.[5] Жешки чешли се користеле исклучиво за исправување на косата за време на колонијалната ера во Северна Америка.[6] Четката за коса ја има и во рачни и во електрични модели.[7] Четката е поголема од чешел, а исто така најчесто се користи за обликување, како и за чистење на косата.[8] Комбиниран чешел и четка за коса е патентиран во 19 век.[9] Употреба![]() Чешлите може да се користат за многу намени. Историски гледано, нивната главна цел била да ја зацврстат долгата коса на своето место, да ја украсат косата, да одделат делови од косата за прамени или да зацврстат капа на главата. Во индустријата и занаетчиството, чешлите се користат за одвојување на памучните влакна од семиња и други остатоци (машина за чистење памук, механизирана верзија на чешелот, е една од машините што е воведена во Индустриската револуција). Чешел се користи за распределување на боите при техниката ебру за да се направат шарите.[10] Чешлите се исто така алатка што ја користат полициските истражители за собирање примероци од коса и првут што може да се користат за утврдување на идентитетот на мртвите или живите лица, како и нивната здравствена состојба и токсиколошките профили.[11] ХигиенаСподелувањето на чешли е честа причина за паразитски инфекции, слично како и споделувањето капа, бидејќи еден корисник може да остави на чешелот јајца од паразити или живи паразити, што го олеснува преносот на вошки, болви, крлежи, габи и други паразити. Поголема е веројатноста браќата и сестрите да си пренесат гниди еден на друг ако користат ист чешел.[12] Музика
Нанижувањето лист од растението или парче хартија преку едната страна од чешелот и потпевнувањето со свиени усни на спротивната страна, создава вид на музички звуци. Ова било инспирација за казу, мембранофон. Чешелот е исто така ламелофон. Чешелските запци имаат свои хармонични квалитети, одредени според нивната форма, должина и материјал. Чешел со запци со нееднаква должина, способен е да произведе различни ноти кога се поминува со прсти преку него, што на крајот се претвора во музичка кутија.[13] ВидовиКинески чешлиВо Кина, чешлите се нарекуваат шуби или жи и настанале пред околу 6000 години за време на доцниот неолит. Кинеските чешли се нарекуваат шу кога се мисли на чешел со дебели запци и би за чешел со тенки запци.[14] Јапонски чешлиВо Јапонија чешлите се нарекуваат куши, и почнале да се користат пред околу 6000 години во ерата на Ќомон. Во периодот Нара, во Јапонија биле воведени кинеските чешли од династијата Танг.[15] Друга форма на чешел во Јапонија е чешелот кој почнал да се појавува околу 17 век, и бил произведен од самураите воини од кланот Шимазу.[16] Литургиски чешел![]() Литургиски чешел е украсен чешел кој церемонијално се користел и во католичкото и во православното христијанство во средниот век и во византискиот обред до денес.[17] Чешел за отстранување гнидиСпецијализирани чешли како што се чешлите за отстранување на болви или гниди може да се користат за отстранување на макроскопските паразити со чешлање.[18] Чешел со запци доволно фини се користи за да се отстранат гнидите. Афро чешелАфро чешел е тип на чешел со долги, дебели запци што обично се користи при многу густа коса. Тој е подолг и потенок од типичниот чешел, а понекогаш се носи и во косата.[19][20] Современи чешлиСовремените чешли изработени од широк спектар на нови и рециклирани материјали се популарни во последниве години. Користени даски за скејтборд, винил плочи,[21] месинг, легура на титаниум, акрилик, сребро и егзотично дрво, се неколку од материјалите што се користат. Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia