Чешларски занаетЧешларски занает — традиционална изработка на чешли, кои може да имаат запци само од едната страна или од двете страни, како од времето на старите словени.[1] Машките чешли често имаат половина крупни, а половина ситни запци, а понекогаш се изработуваат и чешли со рачка. Пред првата светска војна во Македонија најмногу се употребувал селскиот трапезоиден чешел.[2] ИсторијатЦентарот на чешларскиот занает во Македонија бил во Смилево. Занаетот бил донесен во 19 век од Крсте Силјан кој неговите вештини ги научил на печалба во Солун, од соседниот изработувач на чешли.[3] Чешларскиот занает се раширил од Смилево низ цела Македонија, првин како занает на семејството на Крсте, а потоа се раширило и во Битола, Скопје, и многу други населени места и градови во Македонија. Чешларите од Смилево своите чешли ги продавале во Егејска Македонија и Албанија, а трговците од Скопје пред Првата светска војна оделе во Битола да купат чешли и ги продавале во своите дуќани во Скопје. Пред Балканската и Првата светска војна, за 10 чешли се добивала една златна лира. Чешларскиот занает во 19 век, имал свое еснафско управување и главен претставник на занаетот бил устабашија, кој на таа функција бил на една или три години. Устабашиијата можел да има и свој помошник, а раководел со собирите и водел сметка за целиот еснаф, истовремено го застапувал занаетот пред турската власт. Устабашијата се избирал во месецот декември, и го избирале претставници и од другите занаети кои биле во заедница со чешларите, како тенеќеџиите, ѕвончарите и гребенарите. Еснафскиот собир се свикувал еднаш или два пати месечно, на кој се решавале разни спорови и жалби. Се собирале и пари за фонд на сиромашните. На овие собири се решавало за цената на производите, постоела и еснафска каса од која на празници како Божиќ и Велигден се помагале сиромашните, а се доделувала помош и доколку некој од занаетчиите умре а бил сиромав. Во касата се вложувало кој колку сакал. Чешларите во Битола имале своја слава и еснафски светец, св. Константин и Елена. На овој свечен ден се приготвувале колач и пченица. Скоро по Втората светска војна во Скопје се формирала чешларската задруга „Чешларско-инвалидски комбинат“, која работела од 1947 до 1952 кога била расформирана. Главна сезона за работа во чешларскиот занает била во есен и зима, а летно време не се изработувале чешлите. Материјали и алати за изработка на чешлиЗа исработка на чешли се употребуваат рогови од волови, биволи и овни. Порано се користело дрво од зеленика, како и фибер, а денес се користи и бакелит, плексиглас и други материјали од каучук, поливинил и др. Меѓу алатите што се користат за рачна изработка на чешли се: клешти, ножеви, 4 вида тесли, неколку вида турпии, 4 вида пили, шараче, попраг, менгеме, рукан, стругало, кутук, нумеро „мустриче“ и попраг за гланцање. Начин на изработкаПред да се пристапи кон преработка на рогот малку се покиснува во вода да омекне, па му се вади живецот. Свежите рогови треба да се остават да се засушат пред да се обработат. Потоа рогот се крои, се отвора па се цепи на два дела ако е широк, или ако е тесен останува еден дел. Отпадокот од роговите порано се откупувал по 2 динари за 1 кг., и се употребувал во индустријата за шеќер и туткал, за авионско масло, како и за вештачко ѓубрење.[4] Врвот на рогот го откупувале чибукчии и ножари за правење на цигарлаци и корици за ножеви. Еден килограм од овие отпадоци се продавал 60 динари. Денес овие покрупни отпадоци се употребуваат за правење копчиња и дршки за чадори. Од пар воловски рогови се правеле 14 женски чешли, од пар биволски рогови се правеле околу 22 женски чешли, а од пар овновски рогови се правеле 2 машки долги чешли. Рогот одвнатре се чисти со повеќе видови криви тесли, а однадвор со рамна тесла. Потоа секое парче за чешел се загрева на пламен за да се исправи. Над оган се држи со долги клешти и загреаните делови се ставаат во менгеме, каде треба да останат околу 10 минути. Потоа одново се делкаат за да се отстранат изгорените места. Тоа се прави прво со остра тесла а потоа со рукан. Големината на чешелот се определува со нумеро, кое има форма на трапез. Потоа чешелот се става во дрвено менгеме, добро се затегнува и со пила се сечат запците. Шарањето на чешлите се правело на крај, откако чешелот е потполно завршен. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia