Чинови на полицијата во МакедонијаПолицијата во Македонија како и сите останати полициски служби во светот има сопствени чинови.[1] Чиновите на полицијата во Македонија можат да се поделат на три групи и тоа: советници; инспектори и полицајци. Вкупно постојат 12 чина во полицијата на Македонија. ТабелаЛегенда Редот со ваква боја означува дека чинот е дел од групата „советници“ ЧиновиПолицискиот службеник се стекнува со соодветно звање ако:
СоветнициВо групата на советници вкупно има 4 чина и тоа: Генерален полициски советник; Главен полициски советник; Виш полициски советник и Полициски советник. Табела на полициски службеници кои се советници, биле советници пред отказ или биле советници пред да загинат.
Полицискиот службеник може да се здобие со ваков чин по поминати две години работен стаж со звање главен полициски советник.
Полицискиот службеник може да се здобие со ваков чин по поминати три години работен стаж со звање виш полициски советник.
Полицискиот службеник може да се здобие со ваков чин по поминати три години работен стаж со звање полициски советник.
Полицискиот службеник може да се здобие со ваков чин по поминати пет години работен стаж со звање главен инспектор. ИнспекториВо групата на инспектори вкупно има 5 чина и тоа: Главен инспектор; Самостоен инспектор; Виш инспектор; Инспектор и Помлад инспектор. Табела на полициски службеници кои се советници, биле советници пред отказ или биле инспектори пред да загинат.
Полицискиот службеник може да се здобие со ваков чин по поминати три години работен стаж со звање самостоен инспектор.
Полицискиот службеник може да се здобие со ваков чин по поминати три години работен стаж со звање виш инспектор.
Полицискиот службеник може да се здобие со ваков чин по поминати три години работен стаж со звање инспектор.
Полицискиот службеник може да се здобие со ваков чин по поминати три години работен стаж со звање помлад инспектор.
Полицискиот службеник може да се здобие со ваков чин по истекот на периодот за стручно оспособување, доколку нема образование од областа на внатрешните работи и положен стручен испит. ПолицајциВо групата на полицајци вкупно има 3 чина и тоа: Главен полицаец; Виш полицаец и Полицаец. Табела на полициски службеници кои се советници, биле советници пред отказ или биле полицајци пред да загинат.
Полицискиот службеник може да се здобие со ваков чин по поминати 15 години работен стаж со звање виш полицаец.
Полицискиот службеник може да се здобие со ваков чин по поминати 10 години работен стаж со звање полицаец.
Полицискиот службеник може да се здобие со ваков чин по истекот на периодот за стручно оспособување, доколку нема образование од областа на внатрешните работи и положен стручен испит. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia