Чирак![]() Чирак[1][2] — лице кое е во процес на стекнување практични и теоретски знаења во одредена струка, обично преку работа во работилница или претпријатие под надзор на мајстор. Овој поим најчесто се поврзува со занаети, како што се столарскиот, ковачкиот, кројачкиот, златарство и многу други, но може да се однесува и на други индустрии кои бараат професионални вештини и пракса. Следното ниво во хиерархијата на еснафскиот систем е калфата. ИсторијаКонцептот на чиракување датира од средниот век, кога еснафите - организации на занаетчии и трговци - имале строги прописи за образованието и обуката на новите членови. Млад човек кој ќе започнел со чиракување би бил примен во работилницата на искусен мајстор, каде што би го научил занаетот преку секојдневна работа. Покрај практичната обука, чираците честопати морале да совладаат теоретско знаење, а мајсторите ги учеле и етика, деловни правила и специфични занаетчиски техники.[3][4] На крајот од чиракувањето, од чиракот обично се барало да го создаде своето ремек-дело, т.н. „мајсторско дело“, како доказ за стекнатите вештини. Доколку мајсторскиот совет го признаел квалитетот на работата, чиракот се стекнувал со титулата мајстор и добивал право да отвори сопствена работилница или да стане член на еснафот.[5][6] ВажностЧиракувањето служело не само за пренесување на технички вештини, туку и за зачувување и развивање на квалитетот на занаетите во заедницата. Еснафите се осигурувале дека само квалификувани лица можат да работат како занаетчии, со што го заштитувале угледот на нивната струка и интересите на заедницата. Во денешниот контекст, чиракувањето е еквивалентно на приправничкиот стаж или стручно оспособување.[7] Денес, чиракувањето е регулирано преку образовни програми во техничките и стручните училишта и во дуалните образовни системи. Многу индустрии сè уште го користат моделот на чиракување за обука на млади работници, како што се градежништвото, угостителството, машинството и други. Програмите често вклучуваат периодична работа под надзор на стручњаци, што овозможува стекнување практични вештини заедно со теоретска основа. ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia