Чорапи
![]() Чорапи претставуваат текстилни предмети кои се навлекуваат на стапалата поради затоплување, но и за естетика. ОсобеностиЧорапите ги чуваат нозете да останат топли на зима, а преку лето да не се потат. Чорапите, исто така, ја чуваат ногата од плускавици кои можат да се добијат од триење со чевлите. Чорапите обично се прават од волна, памук, најлон и различни видови на синтетика, во зависност од предвидената намена. Ако е намена да се заштити ногата од студ, тогаш најчесто се употребува волна; спортските чорапи обично се прават од памук или синтетика; свечените женски чорапи најчесто се направени од најлон. Чорапите можат да бидат и со заштитна, но и со здравствена цел. Заштитните чорапи се носат при специфични работи, а медицинските се најчесто со висока еластичност и штитат повредени или заболени места. Некогаш постоел обичај да домаќинот, испраќајќи ја својата родбина или пријатели од куќата, да му подари на најмладиот од нив бели чорапи за пат. Чорапи (носија)Чорапите претставуваат неизоставен дел од составот на секоја македонска народна носија. Како облека, чорапите имале јасно нагласена практична функција и специфична форма, со која се дополнувал целосниот изглед на носијата. Овие ракотворби на македонската селска жена биле плетени од волнена преѓа (поретко од памук), на пет, три или на една игла.[1] Се нарекувале и калчини, чораби, чурапе и сл.[2] КарактеристикиЧорапите најчесто биле составени од неколку делови: врв, стапало, пета, горен дел и врвци, кои, во зависност од регионот, носеле различни називи. Така, врвот бил познат и како предногач или прсти, стапалото (долниот дел од стапалото) како ступало или ступаљка, петата како петица, горниот дел како грло, горно, горниште, гушка, ѕуница, а врвките како врчки и сл. Чорапите од носијата од Дебарца биле составени од: стапало, петица, подногача (долен дел од стапалото) и натстапало – од глуждот нагоре.[3] Машките носии биле карактеристични по чорапите долги до колена, со богата орнаментика од стапалото до горниот дел.[1] Тие биле подврзувани со ткаени или везени појасчиња – подвески, дизгии.[2] Дизгиите биле украсени со тесни ткаени ленти, кои ги подврзувале чорапите под колената, понекогаш долги и до еден метар (Каршијак). На нив, во ретки прилики, можело да се прикачат и прапорци, кои би ѕвонеле при одење.[3] ![]() И женските чорапи имале иста структура, но поради должината на женската кошула (која ги покривала), орнаментиката била најбогата во делот изложен на погледите – од стапалото до над глуждовите. Во составот на македонската народна носија, во некои етнографски целини, покрај чорапите се носеле и чорапи без стапало, познати како калци, чулци (Преспа, Горна Река, Мавровско Поле) и шутарке (села под планината Сува Гора).[1] Тие се носеле во лето на боса нога или во зима под чорапите. Во некои предели се обувале и дебели, четворно ткаени ткаеници – тип на чорапи и получорапи, тозлуци (Горна Река), назовци (Мијаци).[2] Тозлуците или тузлуците, кои претставувале еден вид потколеници, се носеле од глуждовите до колената. Најчесто биле направени од клашна и, исто како и чорапите, биле богато орнаментирани или везени со вез.[3] Основни бои во кои биле плетени чорапите се: црвена, црна и бела, иако присутни биле и жолтата и зелената боја. Во Горна Река и Горни Полог доминирале златната и сребрената боја, поради нагласената употреба на срмата како материјал. Според хармонијата на боите и стилот на орнаменталната украсеност, највисока естетска вредност имале постарите видови чорапи, познати како алови или алски чорапи, препознатливи по геометриските шари во вид на колца, кола или тркала, изработени на црвена подлога. Кај поновите изработки, освен чисто геометриски орнаменти, се појавуваат и стилизирани растителни и цветни мотиви.[1] Во некои делови на Македонија (Жеглигово, Средорек и западниот дел на Славиште), чорапите, поради задолжителните геометриски мотиви – кола, го добиле името чорапи колајлии или коларки чорапи. Во Горни Полог се издвојуваат машките зетовски чорапи, а во женската носија од Река – гувеалските чорапи, богати со орнаментика.[3] Чорапите како мотив во уметноста и во популарната култура
ПоврзаноНадворешни врски
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia