Мијачко-дебарска носијаМијачко-дебарската носија била носена во Дебарско-реканската етнографска целина, која се наоѓа во западниот дел на Македонија и ги опфаќа Мијаците околу Мала и Долна Река, пределите Мавровско Поле и Горна Река, Дебарско Поле, Голо Брдо и Дебарски Дримкол.[1] Во овој планински сточарски крај населението е етнички разновидно и вклучува Македонци, исламизирани Македонци, Албанци и Турци.[2] РегиониВо состав на Дебарско-реканската етнографска целина влегуваат носиите од следниве региони:
Заеднички карактеристикиНиз вековите, тука се развиле повеќе варијанти на народни носии, со различни степени на локална посебност. Тие се одликуваат со бројни облеки, делови од облека и украси, при што нивниот изглед е во голема мера определен од географските карактеристики и климатските услови. Главната економска дејност, овчарството, имала значајно влијание врз нивната изработка. Волната добиена од овчарството широко се применувала во домашните текстилни изработки, што оставило белег и врз обликот, украсувањето и естетската функција што ја имале носиите. Затоа, за некои од нив може да се рече дека претставуваат типични носии на планински сточарски заедници. Освен памучното платно, кое се користело главно за изработка на долна облека како кошули и гаќи, волнената клашна која сами си ја ткаеле жените, била основниот материјал за машка и женска горна облека. Кај мажите клашната била обично бела или црна, додека кај жените претежно бела. За украсување се користеле волнени гајтани, волнена оптока и рачно изработени (сукани) рески. Машките носии се карактеризираат со украсување со црни гајтани, а кај женските преовладува црвената алова боја.[2] Женската носија во оваа етнографска целина, со карактеристичните богато извезени мотиви на ракавите на кошулата, најчесто во ажурна техника, реснатите украси, бројните горни бели безракавни или со куси ракави клашнени облеки, долги до колена, како и другите декоративни детали, делува впечатливо како изразито планинска носија.[1] Таа се истакнува со полихромно везење, срмен терзиски вез и богат сребрен и златен накит, што говори за добра економска состојба, поддржана од развиеното овчарство и, во подоцнежниот период, од печалбарството Поради мешаниот етнички состав и други фактори, во овој разновиден облековен систем се забележуваат и влијанија од соседни и подалечни региони. Може да се препознаат елементи поврзани со медитеранскиот, јадранскиот и динарскиот стил. Пример за тоа е присуството на бел вез на долниот дел од женските кошули, како и одредени елементи од машката облека, како плитката тркалезна капа, која е слична на оние што се среќаваат во Далмација и Црна Гора. Постојат и други можни паралели, но кај поголем дел од овие носии, особено женските, доминира нивната регионална и локална специфичност.[2] Наводи
Галерија |
Portal di Ensiklopedia Dunia