Шалвари![]() Шалвари[1][2] — широки, лесни панталони кои, чие користење под влијание на Отоманското Царство, се проширило во балканските земји каде што османлиското влијание било доминантно. Ги носеле и мажи и жени, иако најчесто се класифицирани како делови од женски народни носии. Шалварите потекнуваат од античка Персија, потоа стигнале до балканската територија преку Јужна Азија и бројни земји на Отоманското Царство. Димиите се вид шалвари. Изглед![]() Шалварите биле со едноставен крој без џебови, широки во струкот, додека околу глуждовите биле целосно стеснети. Постоеле многу варијации во изгледот на шалварите, така што некаде биле целосно рамен крој, а можело да бидат украсени со реси на дното. Биле правени од бела, црна или темносина ткаенина, украсени со везови со црвен гајтан, додека кај муслиманите гајтаните биле зелени.[3] Тие биле задолжителен дел од женските народни носии, обично биле превиткувани во брчки, а имало и такви за свечени пригоди украсени со ширити и златовезни гајатани.[4] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia