Шампања-Ардени
Шампања-Ардени (фр. Champagne-Ardenne) е еден од 27 региони во Франција. Се наоѓа на североисток од земјата и се граничи со Белгија. Регионот се состои од четири департмани: Об, Ардени, Горна Марна и Марна. Познат е по своето бело пенливо вино. Реките кои течат низ овој регион се: Сена, Марна, и Ена. На север тече реката Меза. ГеографијаРегионот Шампања-Ардени се наоѓа во североисточна Франција на површина од 25.606 км². Ја дели границата со регионот Валона (Белгија). Составен е од 4 департмана (Ардени, Марна, Об и Горна Марна). На запад се наоѓаат висорамнини како Тарденоа и Бри образувајќи закривен потег што се протега од Сена (на југ), до Оаза (на север). На крајот на таа куеста се издига марнската долина на која главно се насадени лозови насади за производство на виното „шампањ“. На југоисток се наоѓа висорамнината Лангр (450-550 м). Во источниот дел се ридовите на Кот де Бар (на височина од 350-400 м) и висорамнината Бароа. Три поголеми реки го пресекуваат регионот од исток кон запад: Ена (притока на Оаза), Марна и Об (притоки на Сена).[2], Во регионот има 3 од четирите „Големи езера на Сена“, вештачки езера чија цел е да го штитат Ил де Франс од излевањата на Сена и нејзините притоки на пролет а во лето да го напојуваат парискиот регион со вода:
Клима![]() Климата во регионот е умерена, меѓу океанска и континентална. Во долината Шампања, каде што се наоѓаат Ремс и Троа, климата е потопла и не толку врнежлива како на останатите места со просечна вредност од околу 10.5 °C и со 618-653 мм врнежи годишно ; вкупниот број сончеви часови годишно изнесува од 1.700 до 1.800[3] ·[4]. Поисточно во долината, температурите се слични но се забележуваат повеќе врнежи (857 мм) и има помалку сончеви периоди (1682 h/годишно)[5]. На арденските висорамнини и на висорамнината Лангр, климата е поврнежлива, (886 мм годишно во Лангр и 937 мм во Шарлевил Мезјер, а средните годишни температури се пониски од 10 °C. Лангр, честопати се смета за еден од најстудените градови во Франција [6] ИсторијаВо римскиот период, градот Ремс (лат. Durocortorum) бил крстосница и бил еден од најнаселените градови на север од Рим. На почетокот на средниот век, помеѓу 496 и 506, кралот на Франките Хлодовик го прифатил христијанството и бил крстен од страна на Свети Реми во катедралата на Ремс. Потоа во истата катедрала биле крунисувани повеќето француски кралеви сè до Шарл X од Франција; Кон 1000 година, архиепископот од Ремс Жербер од Оријак станал папа под името Силвестер II. Кон крајот на 12 век сè до 14 век, Шампања бил регион каде се одржувале големи панаѓури во неколку града кои се наоѓале на патот за поклонение накај Рим. На 20 септември 1792, се случила Битката кај Валми, првата победа на Републиката. Во 1870, тука се случила Битката кај Седан во департманот Ардени. Во тек на двете светски војни регионот бил место низ кои поминале германските трупи при нападот на Франција. Церемонијата за примирје меѓу Франција и Германија се лучила во катедралата на Ремс, во присуство на претседателот Шарл де Гол и канцеларот Конрад Аденауер. Во 1996, папата Јован Павле II дошол во Ремс поради 1500-та годишнина од крштевањето на Хлодовик и неговите војници од страна на Свети Реми. Демографија![]() Бројот на население во Шампања-Ардени до 1982 бил во опаѓање како резултат на руралниот егзодус. Со 1,3 милиони луѓе и густина од 52 жители/км², тој е еден од поретко населените региони во Франција. После краток период на стабилизација во тек на 90-тите години на 20 век, регионот денес бележи драстично опаѓање на бројот на населението, со неколку општини кои го губат населението побрзо дури и од некои области во источниот дел на Европа, особено во департманот Горна Марна. Согласно возраста, тој е еден од регионите во Европа со најстари жители, со слаб наталитет а воедно и стапката на доселеници е далеку поминимална споредено со националниот број на имигранти доселени во Франција. Администрација и политикаРегионот го застапува Регионален совет чиј претседател е шеф на извршната власт под надзор на префектот на регионот ; регионалната префектура се наоѓа во Шалон ан Шампањ. Актуелен префект а воедно и префект на Марна, од април 2010, е Мишел Гијо [7]. Регионот административно е поделен на 4 департмани: Ардени, Об, Марна и Горна Марна. Овие департмани се поделени потоа на вкупно 146 кантони, поделени меѓу 15 регионални окрузи (арондисмани). Шампања-Ардени е регион составен од 1.947 општини[8]. Од создавањето во 1986 до денес, Шампањ-Ардени е регион кој е ориентиран повеќе кон десницата. На претседателските избори во 2007, 58,5% гласале за актуелниот претседател Никола Саркози, додека пак на претседателските избори во 2002, припадникот на крајната десница Жан Мари Ле Пен избил на чело во првиот круг освојувајќи 21,1% од гласовите во регионот [9]. СтопанствоВо 2007, Шампања-Ардени бил четврти регион според највисок БДП по глава на жител (27.372 евра) додека просечната плата, истата година, изнесувала 21.129 евра на годишно ниво, со што регионот според просечна плата бил рангиран на 11 место на национална скала.[10],[11]. Повеќе од 60 % од територијата е наменет за развој на земјоделството[12], и секторот претставува 10 % од додадената вредност. Воедно, Шампања-Ардени е втор регион во Франција по производство на житни култури, главно жито и јачмен. Регионот е познат и по своите винови насади од кои се произведува познатиот шампањ. Индустрискиот сектор во Шампања-Ардени опфаќа 21,8 % од вработените и 19 % додадена вредност. Тоа е четврти по ранг индустриски регион во Франција. Инддустријата најмногу е развиена во Ардени, на запад (од Еперне до Ромији) и во средната долина на Марна (меѓу Витри и Сен-Дизие).[13]. Во родниот крај на Никола Апер, кој ја основал првата фабрика за конзерви во светот, прехранбената индустрија вработува многу луѓе и придонесува со речиси четвртина од регионалната додадена вредност. СообраќајАвтопати
Железнички сообраќајИма железница на релација Париз-Стразбур која минува низ долината на Марна преку Еперне, Шалон ан Шампањ, и Витри ле Франсоа. Постои и линија на TGV исто така на релација Париз и Стразбур пуштена во употреба во 2007 преку Ремс со станица во општината Безан. Воздушен сообраќајМеѓународниот аеродром Ватри, има писта долга 3650 метри, но сепар честопати не се користи. Аеродромот се наоѓа на 150 км од Париз. Се вели дека истиот е добар кандидат да биде во иднина претворен во трет париски аеродром. ТуризамВо Шампања-Ардени има: ![]()
Посетителите честопати ја посетуваат Шампања поради нејзината историја и нејзиното светски познато вино. Интересот на посетителите е најразличен, од откривање на културното наследство па сè до откривање на неговата традиционална кујна, некои го посетуваат градот Троа поради неговите стари куќи и архитектура, други Лангр и неговите ѕидини а некои Шалон-ан-Шампањ и Ремс заради нивните катедрали. Поврзано: Ардени Поголеми градовиНаводи
Надворешни врски
49°00′N 4°30′E / 49.000°N 4.500°E
|
Portal di Ensiklopedia Dunia