Шарлот Перели
![]() Шарлот Перели (шведски: Charlotte Perrelli) (родена како Ана Џени Шарлот Нилсон, (шведски: Anna Jenny Charlotte Nilsson), на 7 октомври 1974 година во Хувманторп, Крунуберг, Шведска) - шведска пејачка и телевизиска водителка.[1] Победила на шведскиот избор за песна на евровизија Мелодифестивален во 1999, а потоа победила и на Евровизија 1999 со песната "Take me to your heaven" во Ерусалим, Израел. Од тогаш издала седум албуми и повеќе синглови. Перели победила уште еднаш на Мелодифестивален во 2008 и ја претставувала Шведска на Евровизија 2008 со песната "Hero" во Белград, Србија. Приватен животВо 2003, Перели се омажила со Никола Ингросо, шведско-италијански сопственик на ресторани, и имаат два сина. Поради семејни несогласувања, Шарлот и Никола го смениле своето презиме во Перели.[2] По шпекулации во шведските медиуми дека парот имале проблеми, Перели и Ингросо официјално изјавиле дека се разделиле во јуни 2008,[3] а на 24 септември 2009 парот поднел развод.[4] Од 2012, Перели е во врска со Андерс Џенсен. Таа го родила првото дете со него на 30 јули 2013, а во октомври 2018 го родила нејзиното четврто дете.[5] Дискографија
Надворешни врски
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia