Евровизија 2008
![]() Евровизија 2008 беше 53-тиот натпревар за најдобра песна на Евровизија, чиј домаќин беше Србија. Двете полуфинални вечери беа одржани на 20 мај и 22 мај 2008, а финалната вечер на 24 мај во главниот град на Србија, Белград. На овој натпревар оваа година се натпреваруваа 43 земји, од кои за првпат имаа чест Азербејџан и Сан Марино. Натпреварувањето беше одржано во Белградска Арена, која има капацитет од 20.000 седишта. Србија доби право на организирање на натпреварот со победата на Марија Шерифовиќ на Евровизија 2007, во финскиот град Хелсинки. Одговорна телевизија на овој натпревар беше Радиотелевизија Србија (РТС). Победник на манифестацијата беше Русија, со пејачот Дима Билан и насловната нумера "Believe" која освои 272 бодови. На второ место се пласира Украина додека на трето Грција. На 15 јануари 2008 беше официјално отворена мрежната страница за оваа Евровизија, и за првпат Eurovision.tv преку ESCTV посетителите ќе имаат можност да ги следат сите национални избори во живо како и главните вечери. На 30 јануари 2008 беше претставено логото и слоганот за Евровизија 2008 кој гласи „Мешавина од звук“ или „Confluence of Sound“. Поради протестите во Белград, поради прогласувањето независност на Косово, на 22 февруари 2008 беше најавено дека е можно преместување на манифестацијата во друга земја. Украина беше земена како опција, поради тоа што таа минатата година го зазема второто место. Финска и Грција исто така се понудија да ја организираат манифестацијата. Но, на крајот беше одлучено манифестацијата да се одржи во Белград, со поддршка на ЕБУ. ПодготовкиПрвата проба на натпреварувачите се случи на 11 мај на површина од 27 со 25 квадратни метри голема сцена. Натпреварувачите од 43 земји имаа проби 2 пати дневно во само 8 дена. 2.000 луѓе работеа во Белградска Арена да ја подготват за Евровизија. Тежината на целокупната тејничка опрема спрема предвидувањата тежи околу 72 тони. Конструкторите се погрижија да ја направат инспиративна сцената. 20 камери ќе бидат употребени, да ни дадат најдобра можна слика и пренос на телевизија. УчеснициЗемји учесници директно пласирани во финалетоФиналеФиналето ќе биде одржано на 24 мај.
Уште 20 земји ќе влезат во финалето од двете полуфинални вечери. Земји учеснички во полуфиналеПрво полуфиналеПрвото полуфинале беше одржано на 20 мај.
Второ полуфиналеВторото полуфинале ќе биде одржано на 22 мај.
Презентери на гласовиПрезентер на гласови за Македонија на Евровизија 2008 беше Презентерот на Вести од Македонската радио-телевизија - Огнен Јанески. Редослед на гласање
Емитувања на полуфиналињатаКако што беше објавено, државите мора да го пренесуваат финалето и полуфиналето во кое учествуваат. Велика Британија,[3] Сан Марино, Грција, Хрватска,[4] Ирска, Германија,[5] Холандија,[6] Норвешка,[7] Малта,[8] Србија,[9] Финска,[10] Босна и Херцеговина,[11] Данска,[12] Португалија,[13] Кипар[14] Израел,[15] Естонија,[16] Турција,[17] Латвија,[18] Словенија[19] Русија,[20] Украина,[21] Литванија, Чешката Република,[22] Андора,[23] Албанија,[24] Бугарија, Исланд,[25] Шведска,[26] Романија[27] и Австралија потврдија дека ќе ги емитуваат двете полуфиналиња (некаде како снимки, а некаде во живо). Меѓународни емитувања
Наводи
Надворешни врски
1956 ·
1957 ·
1958 ·
1959 ·
1960 ·
1961 ·
1962 ·
1963 ·
1964 ·
1965 ·
1966 ·
1967 ·
1968 ·
1969 ·
1970 ·
1971 ·
1972 ·
1973 ·
1974 ·
1975 ·
1976 ·
1977 ·
1978 ·
1979 ·
1980 ·
1981 ·
1982 ·
1983 ·
1984 ·
1985 ·
1986 ·
1987 ·
1988 ·
1989 ·
1990 ·
1991 ·
1992 ·
1993 ·
1994 ·
1995 ·
1996 ·
1997 ·
1998 ·
1999 ·
2000 ·
2001 ·
2002 ·
2003 ·
2004 ·
2005 ·
2006 ·
2007 ·
2008 ·
2009 ·
2010 ·
2011 ·
2012 ·
2013 ·
2014 ·
2015 ·
2016 ·
2017 ·
2018 ·
2019 ·
|
Portal di Ensiklopedia Dunia