Швармштет
Швармштет (германски: Schwarmstedt) — општина во округот Хајдекрајс, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Општината претставува административно седиште на истоимената општинска заедница. ГеографијаМестоположбаШвармштет се наоѓа во странична долина на Алер, сместен на реката Лајне, која се влева северно од местото во Алер. Општински единициОпштината Швармштет е составена од селата Швармштет, Ботмер и Гриндау. ИсторијаОбласта околу црквата во Швармштет била предадена од Еделхер Мирабилис на Епископијата Минден околу 1150 година. Старата црква била заменета околу 1500 година со нова црква („Св. Лаврентиј“), која постои и денес. СообраќајСојузниот пат Б214 поминува низ Швармштет, поврзувајќи ги градовите Нинбург/Везер и Целе. Швармштет е во близина на автопатот А7 и има железничка станица на линијата Золтау-Хановер. Познати луѓеМакроекономистот Вилхелм Репке е роден во Швармштет на 10 октомври 1899 година. Работел како научник и политички советник во повоена Германија и имал влијание врз развојот во тоа време. Локалното училиште го носи неговото име. НаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia