Шверинско Езеро
Шверинско Езеро (германски: Schweriner See) — езеро во мекленбуршката приморска равница помеѓу Шверин и Висмар. Се наоѓа во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, во северна Германија. Тоа е еутропско езеро богато со алги и со помал кислород. Езерото е долго 21 километар и широко до 6 километри. Има површина од 61,54 км2. По тоа ова езеро е четврто езеро по големина во Германија, а второ во северна Германија, веднаш зад езерото Мириц. Езерото е именувано во главниот град на сојузната покраина Шверин, кој се наоѓа на неговиот југозападен брег. Помалиот град Бад Клајнен е сместен на северниот брег на езерото. Шверинското езеро на југ е поврзано со канал преку реката Елде со реката Елба. На север со реката Валенштајнграбен се поврзува со Висмар. Оваа река не е пловна, со исклучок за вештите кајакари. Браната што се наоѓа на средината на езерото, го дели на внатрешно и надворешно езеро. Делови од езерото и бреговите се заштитени како птичји резерват. Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia