Швилме
Швилме (германски: Schwülme) — река, долга 29 километри, десна притока на реката Везер, која тече низ сојузните покраини Долна Саксонија и Хесен, Германија. ИзворРеката потекнува од округот Нортхајм (јужна Долна Саксонија) во југоисточните делови на Золинг во областа на врвовите Штеберг (433 м) и Брамбург (461 м) од неколку потоци. ТекШвилме тече на почетокот кон исток и малку подоцна врти кон југ преку Хетензен и Ледингзен кон Аделебзен. Потоа врти кон запад, примајќи ги водите на Аушнипе и продолжувајќи кон северозапад. Потоа, тече низ Офензен, Ферлихаузен и Алберсхаузен, а помеѓу последните две места ги прима водите на Але. Потоа тече кон запад кон округот Касел. УстиеНа крајот Швилме тече кон запад и се влева во Везер во близина на местото Липолдсберг на надморска височина од 107 метри. Сливно подрачје и притокиНајважна притока на Швилме, чие сливно подрачје е 290,1 км2 (22,07 км2 во Хесен), е реката Але. Друга поголема притока е Аушнипе. НаводиНадворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia