АделебзенЗа други значења на поимот, погл. Аделебзен (појаснување).
Аделебзен (германски: Adelebsen) — општина во округот Гетинген, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на 15 километри оддалеченост од градот Гетинген и е сместена на реката Швилме. Општината поседува пазарно право и со тоа има некои одлики на град, но официјално не ги добила градските права. Сепак, означена е како „флекен“ (Flecken), мала населба со локално значење. Општината е составена од Аделебзен, Бартероде, Еберхаузен, Ербзен, Гинтерзен, Ледингзен и Вибеке. Замокот Аделебзен се наоѓа на рид во самата општина. Историја![]() Местото е првпат запишано во 990 година под името „Етелевесхузен“ во документ за подарок на земја од царот Отон III на неговата сестра Софија. Благородничкото семејство Фон Вихбике (од Вибеке) го преместиле своето седиште во Аделебзен во 1234 година и изградиле замок таму. Замокот е првпат забележан во 1295 година, а семејството оттогаш е познато како Фон Аделебзен, наречени по местото.[2][3] Од XIV век[4][5] до средината на XIX век, благородниците од Аделебзен одржувале дворски суд во Аделебзен. Грофовите на Аделебзен издале законик во 1543 година и декрет во 1550 година,[6] кои ја овозможила основата на правото и административните одредби во рамките на нивната власт, како и изрекување казни за нарушување. Нивниот приход доаѓал главно од даноци, казни и такси, како што биле за пиварници, водење анови или крчми и вршење на трговија и одредени занаети. Во 1859 година, за време на администрацијата на Кралството Хановер, надлежноста на дворскиот суд била вклучена во новоосновниот кралски суд во соседниот Услар. Во 1866 година, Хановер станал дел од Кралството Прусија и со тоа познат како Покраина Хановер. Аделебзен и замокот биле делумно запалени во 1466 година од Ернст I од Шауенбург, епископ на Хилдесхајм, во текот на обласен конфликт.[3][7] Првично изграден како тврдина, замокот бил повторно изграден во 1596 година со извонредна фасада и бројни големи соби со прозорци, подобни за служење како благородничка резиденција.[8] Градот и замокот бил повторно уништени во текот на Триесетгодишната војна. Замокот бил повторно изграден во 1650 година; а во 1740 година обновен и проширен во барокен дворец.[3] Почетоците на еврејската заедница во Аделебзен се кон крајот на XVII век, а првото еврејско семејство е запишано во даночен список од 1675 година.[9] Во 1796 година имало 20 еврејски семејства во селото.[10] До XIX век, еврејската заедница станала една од најголемите во областа. Во 1848 година, 149. Евреи претставувале 13% од вкупното население. Но, големината на заедницата значајно опаднала кон крајот на XIX и почетокот на XX век, па така во 1925 година во Аделебзен живееле само 46 Евреи, што било 3% од населението.[11] Во текот на нацистичкиот режим, заедницата била уништена со затворање, преселување и убивање. Локалната синагога била уништена во текот на Кристалната ноќ од членови на СС од Гетинген, потпомогнати од локални членови на СС од Аделебзен.[12] Меѓународни односиЗбратимени градовиАделебсен е збратимен со следниве градови: Луѓе од Аделебзен
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia