Шестар (галаксија)
Шестар (ESO 97-G13) — Сејфертова галаксија[2] во соѕвездието Шестар. Сместена е 4 степени под галактичката рамнина, на оддалеченост од 4,0 Мпс (13 Мсг). Се вбројува меѓу најблиските поважни галаксии до Млечниот Пат.[3] Галаксијата претрпува бурни промени и веројатно исфрла гасовити прстени. Најнадворешниот прстен има пречник од 1400 светлосни години, а највнатрешниот има 260. Иако може да се види со мал телескоп, галаксијата за првпат е забележана дури во 1977 г.[4] бидејќи лежи близу до рамнината на Млечниот Пат, прикриена од галактичка прашина. Шестар е Сејфертова галаксија од типот II и е една од најблиските познати активни галаксии до Млечниот Пат, иако веројатно е малку подалеку од Кентаур A. Галаксијата ја произвела суперновата SN 1996cr, утврдена една деценија по нејзината експлозија. Првпат е забележана во 2001 г. како сјајно променливо тело на слика од вселенскиот рендгенски телескоп „Чандра“, но потврдена како супернова неколку години подоцна. Шеста е една од дванаесетте големи галаксии наречени „совет на џинови“ кои ја опкружуваат Месната Група во Месниот Лист.[5] Наводи
Надворешни врски
Координати:
|
Portal di Ensiklopedia Dunia