Морфолошка класификација на галаксиите![]() Морфолошка класификација на галаксиите — систем на поделба на галаксиите во групи зависно од нивниот изглед. Постојат неколку шеми на класификација на галаксиите во зависност од нивната морфологија, од кои најпозната е „Хабловата низа“, осмислена од американскиот астроном Едвин Хабл, а подоцна дополнета од францускиот астроном Жерар де Вокулер и американскиот астроном Алан Сендиџ. Хаблова низаХабловата низа е шема на морфолошка класификација на галаксиите осмислена од Едвин Хабл во 1936.[1] Разговорно честопати се нарекува „Хаблов камертон“ (англ. Hubble tuning-fork) поради обликот во кој се претставува. Оваа шема ги дели галаксиите на три пошироки класи, во зависност од нивниот изглед: ![]()
Овие пошироки класи имаат свои дополнувања, кои овозможуваат поподробно разликување на изгледот, но и утврдување на други понови класи како неправилните галаксии, кои немаат правилен состав (дисковиден или елипсоиден). Хабловата низа честопати се претставува во облик на камертон (виљушка за штимање), каде елиптичните галаксии се сместени лево (нагорно подредени по степен на елиптичност од лево надесно), додека пак спиралните галаксии со и без пречка ги образуваат двата паралелни крака на камертонот. Леќестите галаксии се сместени помеѓу елиптичните и спиралните, во местото кајшто двата крака се спојуваат со „рачката“ на камертонот. Хабловата низа и денес е најупотребуваниот систем на класификација на галаксиите, како кај професионалците, така и во аматерската астрономија. Де Вокулеров систем![]() ![]() ![]() ![]() Де Вокулеровиот систем на класифиакција на галаксиите е мошне застапено дополнување на Хабловата низа, осмислен од францускиот астроном Жерар де Вокулер во 1959 г.[2] Де Вокулер сметал дека Хабловата дводимензионална класификација на спирални галаксии, која ја зема предвид густината на спиралните краци и присуството/отсуството на пречка, не е погодна за сите утврдени видови на морфологии, истакнувајќи ги прстените и леќите како суштински составни делови на спиралните галаксии.[3] Де Вокулеровиот систем ја задржува основната Хаблова поделба на галаксиите на елиптични, леќести, спирални и неправилни, но системот е усложнет во однос на спиралните галаксии, врз основа на три морфолошки одлики:
Полната класификација на една галаксија се изразува со редење на елементите. На пример, една слабо пречкеста спиралнa галаксиja лабаво завиени краци и престен се запишува вака: SAB(r)c. Де Вокулеровиот систем ликовно може да се претстави како тридимензионална верзија на Хабловиот камертон, со фаза (спиралност) на оската x, семејство (пречкестост) на оската y, и сорта (прстенестост) на оската z.[4] Бројчени Хаблови фазиДе Вокулер ѝ доделил бројчена вредност на секоја класа на галаксии во оваа шема. Вредностите на бројчената Хаблова фаза T се движат од -6 до +10, при што негативните броеви ги претставуваат типовите што означуваат рани фази (елиптични и леќести), а позитивните броеви се однесуваат на подоцнежните типови (спирални и неправилни). Елиптичните галаксии се делат во три „фази“: компактни елиптични (cE), нормални елиптични (E) и преодни типови (E+). Леќестите галаксии исто така се делат на рани (S-), преодни (S0) и доцни (S+) типови.
Бројчените фази се полезни за квантитативно изучување на морфологијата на галаксиите. Јеркисова (или Морганова) шемаАмериканскиот астроном Вилијам В. Морган во соработка со колегата Филип Ч. Кинан го изработил систем „MK“ за класификација на ѕвездите според нивните спектри. Јеркисовата шема ги класификува галаксиите според спектрите на нивните ѕвезди, обликот (вистински и привиден) и степенот на средишна концентрација.
Затоа, на пример, галаксијата Андромеда се класификува како kS5. ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia