Шефа![]() ![]() Шефа е една од шестте покраини во Вануату. Покраината се наоѓа во средишниот дел на Вануату и е составена од островите Ефате, Епи и Шепердовите Острови. Името на покраината потекнува од првите букви на главните острови: Шепердови Острови, Епи и Ефате. Покраината има население од 78,723 жители и површина од 1,455 км². Административен центар на покраината е главниот град на Вануату - Порт Вила. ГеографијаОстровите во покраината се со вулканско потекло.[1] Во покраината има само еден активен вулкан, на островот Епи, кој е активен понекогаш. Во морето, околу островите има подводни вулкани. Покраината е составена од околу 27 острови. Најнаселен е островот Ефате, каде се наоѓа главниот град. Околу островите има голем број гребени, кои се погодни за нуркање. Некои од островите во покраината немаат постојан извор на питка вода, па така, водата мора да ја собираат кога има врнежи. На поголемите острови се наоѓаат следните реки: Тагабе, Епуле и Рентапау. Острови
НаселениеПорт Вила е дом на околу 44.000 жители, повеќето Вануаќани. Целата покраина има околу 79.000 жители, според пописот од 2009 година.[2] Според статистичките информации, има зголемување на урбанизацијата, двојно.[3] Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia