Шехзаде
Шехзаде (персиски: شهزاده) — турска форма на персиската титула Шахзаде и се однесува на машките потомци на отоманската фамилја по машка линија. Оваа титула е еквивалентна на „принц по крв“ во англискиот двор. ПотеклоШехзаде потекнува од персискиот збор shahzade или shahzada. Терминот потекнува од титулата „шах“ со додавање на персискata наставка - „задех“ или „зада“, што значи „син на“, „ќерка на", "потомок на“ или „роден од“. Употреба во отоманското семејствоВо отоманското царско семејство, титулата шехзаде се давала на машките потомци на отоманските султани. Единствено на принцот му се давала можноста да се качи на отоманскиот престол. Пред владеењето на Мехмед II (1444-1446 и 1451-1481), синовите на султаните ја користеле титулата челебија[1]. Официјалниот начин на обраќање на шехзаде е Девлетлу Наџабатлу Шехзаде Султан (даденото име) Хазтрелери Ефенди (Devletlû Najabatlu Şehzade Sultan Hazretleri Efendi). Нивните синови исто така ја поседувале титулата шехзаде додека нивните ќерки ја имале титулата султанија. Семејството Османоглу продолжува да ги користи овие титули. Отомански назначен принцНазначениот принц ја користел титулата Вали Ахад или Вели Ахд (отомански турски: ولی عہد), што значи „наследник врз основа на заветот“, или целосно Девлетлу Наџабатлу Вали Ахад Салтанат Шехзаде Џаванбахд (дадено име) Ефенди Хазтлери. Женски еквивалентНе постои женски еквивалент на шехзаде или посебна титула за принцези во османлиско кралско семејство. На персиски јазик, шахзаде се користи и за машки и за женски потомци на еден монарх. Кралското семејство на индиското Могулско Царство ја користело титулата шахзада за кнезовите и шахзади за принцезите. Пред 16 век, османлиските принцези ја имале титулата хатун по нивното дадено име. Во почетокот на 16 век, отоманските принцези ја користеле титулата султанија по своето дадено име, титула кои ги имале и други истакнати членови на отоманското царско семејство. Познати принцови
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia