Ширасеов БрегШирасеов Брег (англиски: Shirase Coast) — северниот дел на брегот долж источната страна на Росовата Ледена Плоча и Росовото Море, меѓу северниот крај на Сајпловиот Брег[1] (околу 80°09′58″S 151°00′00″W / 80.166°S 151°W) и ’ртот Колбек. Наречен е во 1961 г. по поручникот Нобу Ширасе (1861-1946), предводник на јапонската експедиција кој допловил близу брегот во јануари 1912 г. Екипата слегла на копното во заливот Кајнан и Заливот на Китовите, од каде пропатувала 257 км југоисточно од Росовата Ледена Плоча. Од 76°55′59″S 155°54′58″W / 76.933°S 155.916°W (кај полуостровот Едвард VII) се истоварила друга група, која со санки пропатувала до работ на планинскиот венец Кралица Александра. ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia