Шитторф
Шитторф (германски: Schüttorf; долногермански: Schüttrup) — мал град во округот Грофовија Бентхајм, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Градот претставува административно седиште на истоимената општинска заедница. Шитторф е најстар град во округот, сместен близу границата со Холандија и покраината Северна Рајна-Вестфалија. ГеографијаМестоположбаШитторф се наоѓа во крајниот југозападен дел на покраината Долна Саксонија, оддалечен околу десет километри од границата со Холандија. Градот се наоѓа помеѓу културните области на Емсланд и Вестфалија. Околината на градот е земјоделска. Низ градот во насока југоисток-северозапад поминува реката Фехте, која продолжува во Холандија. Највисока точка во градот е 48 метри. Соседни општиниГрадот Шитторф како дел од истоимената општинска заедница се граничи со другите членови на заедницата: Замерн на југоисток, Квендорф на северозапад и Енгден на север. Во рамки на округот, Шитторф се граничи со Бад Бентхајм на запад. На исток, градот се граничи со соседниот округ Емсланд (општината Емсбирен). КлимаШитторф има средноевропска клима. Просечна годишна температура изнесува 8,5 степени, додека просечниот притисок изнесува 1.015,2 хектопаскали, додека просечните годишни врнежи изнесуваат 700 до 800 милиметри. Климата е субатлантска со свежи зими и релативно топли лета.
ПолитикаГрадски советГрадскиот совет се состои од 31 избран член, што одговара за градови со број на жители помеѓу 12.001 и 15.000 жители.[3] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години. На последните општински избори на 12 септември 2021 година биле добиени следниве резултати:[4]
ГрадоначалникГрадоначалник од ноември 2016 година е Јерн Тихтер (CDU).
Збратимени градовиШитторф е збратимен со следниве градови:
Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia