Шкотска национална партија![]() Шкотска национална партија (на англиски: Scottish National Party, на гелски: Pàrtaidh Nàiseanta na h-Alba, на шкотски: Scots National Pairty) — политичка партија во Обединетото Кралство. Партијата поддржува и води кампањи за независност на Шкотска од Обединетото Кралство и членство на независна Шкотска во Европската унија,[1][2][3] преку политичка платформа заснована на граѓански национализам.[4][5] Шкотската национална партија е трета најголема политичка партија според членство во Обединетото Кралство, зад Лабуристичката партија и Конзервативната партија. Таа е најголемата политичка партија во Шкотска, поседувајќи најмногу места во Шкотскиот парламент и 47 од 59 шкотски места во Долниот дом на Парламентот на Обединетото Кралство. Актуелниот лидер на партијата Никола Стерџен е прв министер на Шкотска од 2014 година. Партијата е создадена во 1934 година преку спојувањето на Националната партија на Шкотска и Шкотската партија. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia