Шлезвиг-Фленсбург
Шлезвиг-Фленсбург (германски: Schleswig-Flensburg; дански: Slesvig-Flensborg) — округ во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Округот се граничи со (од југ надесно) окрузите Рендсбург-Екернферде, Дитмаршен и Северна Фризија, регионот Јужна Данска во Данска, слободниот град Фленсбург и Балтичкото Море. ИсторијаПишаната историја во областа започнува околу 800 година, кога била основана викиншка населба Хаитхабу. Подоцна, соседниот град Шлезвиг го презел местото на Хаитхабу и станал моќен град во текот на XI век. Подоцна, ја загубил својата моќ од страна на Либек. Округот бил основан во 1974 година со спојување на поранешните окрузи Фленсбург-Ланд и Шлезвиг. Поради близината на Данска и историјата на областа, постои голем дел на Данци. ГеографијаОбласта е главно рамна. Шлај, фјорд на Балтичкото Море, е јужната граница на округот. Сета земја северно од Шлај и јужно од Фленсбург се смета за дел од полуостровот Ангелн. Ангелн бил древен дом на Германите, познати и како Англи, кои се преселиле во Англија во текот на раниот среден век. Грб
Градови и општини
НаводиНадворешни врски
54°40′N 9°35′E / 54.67°N 9.58°E
|
Portal di Ensiklopedia Dunia