Нојминстер
![]() Нојминстер (германски: Neumünster) — слободен град во средишниот дел на сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија и со скоро 77.000 жители е четврти најголем град во покраината зад Кил, Либек и Фленсбург. Првпат бил споменат во 1127 година како августински манастир. Долго време бил центар на германската индустрија за платна и кожа и одамна се смета за важен сообраќаен јазол. Од 1870 година ги поседува градските права, а од 2012 година е дел од метрополитенската област Хамбург. ГеографијаМестоположбаНиз Нојминстер тече реката Швале, која се влева во Штер во јужниот дел на градот. Во непосредна близина на градот се наоѓа и Ајнфелдското Езеро Нојминстер се наоѓа во близина на географскиот центар на покраина Шлезвиг-Холштајн. Кил се наоѓа на околу 30 километри северно од Нојминстер, додека 70 километри јужно се наоѓа Хамбург и 72 километри западно од Либек. Градот се граничи со следниве окрузи Плен, Зегеберг и Рендсбург-Екернферде. Градски окрузиНојминстер е поделен на следниве градски окрузи: Беклерзидлунг-Бугенхаген, Брахенфелд-Рутенберг, Ајнфелд, Фалдера, Гаделанд, Гартенштат, Штатмите, Тунгендорф и Виторф. ИсторијаПрвиот историски доказ за претходното село „Випендорф“ (Wippendorf) потекнуваат од 1127 година. Моментална состојбаЖелезничката станица Нојминстер е главната железничка станица со линии кои возат во шест (порано седум) правци, меѓу нив и важните Хамбург-Алтона-Кил и Нојминстер-Фленсбург. Во близина на Нојминстер, кај Ендорф, постои високонапонски објект за пренос на средни бранови за пренесување на програмата на Deutschlandfunk, предавател Ендорф, кој често е погрешно нарекуван како „предавател Нојминстер“. Меѓународни односиНојминстер е збратимен со следниве градови:
Познати жители
НаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia