Шлојзегрунд
Шлојзегрунд (германски: Schleusegrund) — општина во округот Хилдбургхаузен, во сојузната покраина Тирингија, Германија. ГеографијаМестоположбаСредишно село на општината е Шенбрун, кое настанало со спојување на селата Шенау, Габел, Унтернојбрун и Обернојбрун во 1950 година и се протега околу 3,5 километри во долините на Шлојзе и Нојбрун. Над овие села се наоѓа вештачкото езеро „Шенбрун“. Исто така, недалеку од овие села поминува патеката Ренштајг. Западно од Шенбрун, во странична долина на Шлојзе се наоѓаат местата Штајнбах и Лангенбах. Југозападно од Шенбрун се наоѓа долината на Бибер, во која се наоѓаат селата Лихтенау, Енгенштајн, Биберау, Бибершлаг и Телерхамер. Североисточната граница на општината е и окружна граница со Илм. Соседни општиниСоседни општини се Фрауенвалд, Нојштат на Ренштајг и Гросбрајтенбах, Масерберг и градот Шлојзинген. Општински единициОпштината Шлојзегрунд е составена од следниве единици:
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia