РемхилдЗа други истоимени места, погледајте Ремхилд (појаснување).
Ремхилд (германски: Römhild) — мал град во округот Хилдбургхаузен, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Се наоѓа 14 километри западно од окружниот град Хилдбургхаузен и 21 километар југоисточно од градот Мајнинген. Градот претставувал седиште на поранешната Грофовија Хенеберг-Ремхилд (1491–1581), како и на Војводството Саксонија-Ремхилд. На 31 декември 2012 година, кон него биле припоени поранешните општини Глајхамберг, Хајна, Мендхаузен, Милц и Вестенфелд. ГеографијаМестоположбаРемхилд се наоѓа на ридскиот масив Глајхберге во областа Грабфелд во Хенебергер Ланд, непосредна на покраинската граница со Баварија. Градски единициГрадското подрачје е поделено на 14 единици:
ИсторијаВо градската црква на Ремхилд се наоѓа гробот на Елизабета и Херман VIII од Хенеберг. Правењето на гробот му се припишува на Херман Фишер Помладиот (околу 1486–1517), член на семејството Фишер од Нирнберг. ПолитикаГрадски советСоветот на градот Ремхилд се состои од 20 избрани членови и градоначалник. На локалните избори на 26 мај 2019 година биле добиени следниве резултати:[2]
На локалните избори првпат се појавила партијата од крајната десница „Сојуз-Иднина-Хилдбургхаузен“ (BZH) и влегла во Градскиот совет. ГрадоначалникХајко Бартоломојс (CDU) бил избран на 24 февруари 2019 година со 53,4% од гласовите за нов градоначалник.[3] Збратимени градовиРемхилд е збратимен со следниве градови: Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia