Шри Чинмој![]() ![]() Шри Чинмоj Кумaр Гош[1] (27 август 1931 - 11 октомври 2007) бил индиски филозоф и учител (гуру) кој емигрирал во САД во 1964.[2] Шри Чинмој бил роден во Шакпура, мало село во Источен Бенгал, денешен Бангладеш, во 1931 година, како најмлад од седумте деца. По смртта на неговите родители, во 1944, 12-годишниот Чинмој отишол во Ашрамот на Шри Ауробиндо, духовна заедница во близина на Пондичери во Јужна Индија. Тука тој ги поминал наредните 20 години во духовна пракса која вклучувала долги часови на медитација, атлетика, пишување поезија, есеи и духовни песни. Уште како млад, Чинмој имал многу длабоки внатрешни искуства. Во годините што следеле достигнал многу напредни состојби на медитација. Во 1964 година, тој се преселил во Њујорк за да го сподели неговото внатрешно богатство со „искрените трагачи на Западот“. Шри Чинмој на аспирацијата - незапирливиот копнеж на срцето за сѐ повисоки и подлабоки реалности - гледа како на духовна сила којашто стои зад сите големи напредувања во религијата, културата, спортовите и науката. Според неговите учења, живеејќи во срцето и стремејќи се за постојано себе-надминување, мажите и жените можат да го изнесат напред најдоброто во нив и да го најдат својот пат кон вистинското задоволство. Тој кажал:
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia