Штавенхаген
Штавенхаген (германски: Stavenhagen) — град во округот Мекленбуршка Езерска Област, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Се наоѓа на 28 километри северозападно од Нојбранденбург. Градот претставува административно седиште на истоимената општинска заедница. Градски единициШтавенхаген е поделен на следниве делови:
Историја![]() Градот е првпат споменат во 1230 под името Штовенхаге (Stovenhage). Градот бил уништен кон крајот на Триесетгодишната војна во 1648. Големи пожари во 1727 и 1746 исто така уништиле големи делови од градот. Денешниот замок Штавенхаген (Schloss Stavenhagen) бил изграден во 1740 на основите на претходната тврдина. Градската црква била повторно изградена помеѓу 1774 и 1790, а новото градско собрание било подигнато во 1788. Првата лагер пиварница во Мекленбург била основана во Штавенхаген во првата половина на XIX век. Фриц Ројтер, познат писател (неговите дела биле помеѓу најпродаваните во неговото време), е роден во 1810 како син на градоначалник. Ројтер е сметан како еден од најзначајните писатели во долногерманската книжевност. Во 1864, Штавенхаген бил поврзан со железничката мрежа, но железничката линија подоцна била размонтирана како дел од репарациите по Втората светска војна. Индустрискиот развој кон крајот на XIX век придонел за отворање шеќерана, парна воденица, фабрика за тули, електрична станица, болница и противпожарна станица. Од 1960, градот поседува музеј посветен на Фриц Ројтер (Fritz-Reuter-Literaturmuseum). Националната народна армија на Источна Германија поседувала воена база во Базепол од 1974. Знаменитости
Познати луѓе
Меѓународни односиШтавенхаген е збратимен со следниве градови:
НаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia