Штафелај![]() Штафелај[1][2] — триножник врз кој се става, се потпира слика за да може да се изработува;[3] под агол од околу 20° од вертикалата.[4] Штафелаите обично се користат од сликари за да ја потпрат сликата додека работат на неа, обично простум, а понекогаш се користат и за изложување на готови слики. Штафелаите обично се направени од дрво, алуминиум или челик, а функционалниот дизајн претрпел незначителни промени низ вековите. Штафелајно сликарство[5] е поим користен во историјата на уметноста за слики од средна величина насликани на штафелај, за да се направи разлика од фрескосликарството, таблосликарството или друго дело насликано кога сликата се потпира на подот, мали слики (помали од 0,5 м.), или минијатурни творби. Не се однесува на начинот на приказ на сликата; најчесто штафелајните слики се врамуваат и се закачени на ѕид. ЕтимологијаЗборот штафелај е позајмен од германскиот јазик (Staffelei), а потекнува од германскиот архаизам за „скалило“. ИсторијаШтафелите се користат уште од времето на древните Египќани. Во 1 век, Плиниј Постариот споменува „големо пано“ поставено на штафелај. Дизајн![]() Има три основни дизајни за штафелаи:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia